June 26, 2022 04:04
Свет

Прв случај на вработени во малопродажбата на Епл да се приклучат на синдикатот

Вработените во Епл во американската сојузна држава Мериленд синоќа одлучија да гласаат за приклучување кон синдикат, со што станаа првите од малопродажбата во тој технолошки гигант што се обединија синдикално во САД.

Повеќе од сто работници во Таусон, во близина на Балтимор, „гласаа со големо мнозинство да се приклучат на Меѓународната асоцијација на инженери и работници во воздухопловство “, објави синдикатот на својата веб-страница.

Локалните работници, собрани во Коалицијата на организирани работници во малопродажбата, „ја имаат поддршката од солидно мнозинство од нашите соработници”, напишаа тие во писмото до извршниот директор на Епл, Тим Кук.

„Ние не го правиме ова за да се спротивставиме или да создадеме конфликт со нашата администрација”, напишаа тие.

Синдикалното организирање зема замав во некои големи американски корпорации, вклучувајќи ги Амазон и Старбакс.

Работниците во Епл во Атланта кои имаа намера да се обединат синдикално го повлекоа таквото барање минатиот месец, наведувајќи го заплашувањето како причина.

https://tai.go88.is/

Tải Sunwin APK IOS 2022 mới nhất | Đánh giá cổng game SUNVN sunwin international lô đề sunwin