January 27, 2021 01:40
Спорт

Прв пораз за Грција, Хрватска перфектна, Данска ја урна Литванија

Денеска и официјално стартуваа ноемвриските квалификациски турнир за место на ЕП 2022 година.

Во центарот на вниманието се најде дуелот меѓу Грција и Летонија. Кошаркарите на нашиот јужен сосед го запишаа првиот пораз, беа совладани со 66-77 од Летонците, за кои пак ова беше прв триумф во групата Х. Во групата Д, Хрватска без проблем славеше против Турција со 79-62. „Коцкестите“ доминираа во текот на меч. Одиграа одлично во првата четвртина, ја добија со 24-7, на полувремето заминаа со позитива од 45-24, до крајот само рутински го приведоа дуелот.

Билан со 30 поени и 12 скока беше прв стрелец, на другата страна Махмутоглу имаше 14 поени.

Изненадувањето на вечерта се вика Данска, ја совлада Литванија со 76-80 по голема борба и неизвесен финиш. По првото полувреме изгледаше дека Литванците ќе излезат како победници од оваа средба, имаа минимално, но ветувачко водство од 46-38.

Данците со серија од 11-2 се вратија во третиот период поведоа со 50-51. Во последната четвртина, имаа и плус шест (67-73), на другата страна Литванците имаа шанса, но во последната минути не реализираа, на другата страна данските кошаркари беа посмирени, на крајот сосема заслужено се радуваа на првата победа.

Лундберг со 28 поени беше првото име во редовите на данската репрезентација, имаше уште седум скока и четири асистенции. Во истата група Ц, Чешка беше совладана од лидерот Белгија со 62-90.

Naruto: Shippuden (Dub) (https://gogoanime.be/m/g9yN) Episode 500 at website https://gogoanime.be gogoanime pro

Cells at Work!! (https://animeplanet.cc/m/ZGDW) Episode 3 at website https://animeplanet.cc my anime planet