December 5, 2022 22:36
Македонија

Прв Национален средношколски самит

На Економскиот факултет при УКИМ денеска се одржа првиот Национален средношколски самит на кој средношколците имаа можност да ги истакнаат своите ставови и предлог решенија за проблемите со кои се соочуваат во образовниот систем.

Анисија Угриновска, претседател на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС), истакна дека ставовите и предлог решенијата кои беа истакнати на Самитот ќе бидат сублимирани во Декларација.

– Тоа е и целта на самитот на кој се поканети средношколци од сите средни училишта во државата, тие имаа шанса да ги истакнат своите ставови и своите предлог решенија за постоечките средношколски прашања, а истите потоа ќе бидат вметнати во Декларацијата која ќе биде документ кој ќе ги идентификува слабостите на образовниот систем во Макеоднија, а исто така ќе предвиди мерки за подобрувањње на истиот. Секој средношколец ќе има шанса да учествува подеднакво во подобрувањето на својот систем, изјави Угриновска.

Таа оцени дека средношколците во никој случај не смеат да бидат пасивни учесници во образовниот процес, туку напротив активно и проактивно да учествуваат во неговото подобрување.

– Имаме прилика да бидеме создавачи на средношколските политики и секако да бидеме во чекор со генерацијата. Носењето на средношколските политики можам да кажам дека со периодот на изолација на социјална дистанца нашето учество можеби беше ставено на периферија, токму сега е моментот истото да го смениме и зголемиме нашето учество, порача таа.

Одговарајќи на прашање во однос на учебниците, Угриновска рече дека учениците не треба да учат од стари материјали, или пак да се соочуваат со недостаток.

– Не е пријатно да се учи од стари уечебници или да бидете спречени да учите, бидејќи немате учебници можам да забележам дека на учениците не им се допаѓа тоа, не можеме да учиме од стари учебниици и апелираме до надлежните да го средат проблемот што поскоро, потенцира Угриновска.

Професорот Владо Караев, пак, порача дека новата генерација треба да си ги земе работите во свои раце и да си ја обезбеди својата сигурна иднина.

– Ние возрасните последните 30 години многу добро се покажавме ја обезбедивме вашата сегашност и иднина, затоа и размислувате каде и кога да го фатите првиот авион и тоа во еден правец, сметам дека ако не дојде некој на ваша возраст и да промени нешто воопшто да не чекате на нас возрасните, ние паднавме на испитот, нашата генерација покажа дека не е подготвена да овозможи подобро, особено на ваквии настани се почесто и почесто младите како вас ни даваат лекции на нас возрасните, дел учи  додека дел од нив од за мене непознати причини за жал не допираат, истакна Караев.

Самитот е поддржан од страна на Владата, Собранието, УКИМ, УНИЦЕФ, граѓанскиот сектор, психолозите во средните училишта, експерти од областите за кои ќе се дискутира и средношколските органинзации.

Организатор на настанот е Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците. с