August 14, 2022 08:29
Македонија

Прв Дигитален саем за средно стручно образование

Првпат во земјава денеска и утре ќе се одржи Дигитален саем за средно стручно образование, на кој се очекува да се обрати министерката за образование и наука Мила Царовска.

Како што информираат од МОН, околу 19.000 деветодделенци се очекува да бидат дел од овој уникатен настан, чија основна цел е учениците навремено да се информираат за она што го нудат средните училишта во земјава, можностите за стипендирање, наставните програми, практичната настава, но и кои се придобивките и предностите од средното стручно образование.

Со Дигиталниот саем освен што се дава поддршка на учениците и нивните родители за изборот на професијата која е важна животна одлука, се поддржуваат и училиштата, но и домашните и странски компании кои на различни начини се директно вклучени во образовниот процес.

Дигиталниот саем е во организација на проектот Образование за вработување во Северна Македонија и Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, со поддршка од Министерството за образование и наука и Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.