January 30, 2023 01:37
Хроника

Првпат дојава за поставен експлозив во основното училиште „Петар Поп Арсов“

Покрај осумте средни училишта што денеска добија закани за бомби, по првпат дојава за бомба стигнала и во едно основно училиште, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 1.12.2022 година околу 15:20 часот добиена е пријава и од едно основно училиште дека на електронската адреса на училиштето стигнала закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Од МВР не наведоа за кое точно училиште станува збор, но во меѓувреме Општина Карпош на својот фејсбук-профил објави дека дојавата за бомба пристигнала во ОУ „Петар Поп Арсов“ во населбата Карпош 4 во Општина Карпош.

По добиената заканувачка порака, учениците се безбедно евакуирани, посочија од Општината.

По пауза од две недели, денеска повторно осум училишта во главниот град на своите електронски адреси добиле дојави за поставени бомби во своите објекти.

 

Поврзани вести

Дојави за бомби во пет кавадаречки училишта

admin

Џафери не му даде на Милошоски да испука нова „бомба“ за Заев и Рекет

Igor

Поради закана за бомба евакуирани канцелариите на CNN во Њујорк

Igor