January 27, 2022 06:28
Свет

Првите луѓе на руската и американската армија телефонски разговараа за тензиите околу Украина

Началникот на Генералштабот на руската војска и началникот на Здружениот штаб на американските вооружени сили генералите Валери Герасимов ио марк Мили вчера имале телефонски разговор за тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина, соопштија Москва и Вашингтон,

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека генералот Герасимов разговарал со американскиот колега Мили за прашањата на „меѓународната безбедност”, без да даде други детали.

Пентагон, во меѓувреме, соопшти дека двајцата највисоки воени претставници разговарале за „намалувањето на ризиците”.

Герасимов и Мили во септември имаа средба во Финска, кога, како што наведе официјална Москва, разговарале за спречување воени инциденти меѓу двата геополитички ривали.

Деновиве САД, НАТО и Европската унија постојано изразуваат  загриженост за движењето на руските сили во соседството на Украина, каде на истокот на оваа земја од 2014 година се води конфликт меѓу Киев и проруските сепаратисти.

Москва постојано нагласува дека не сака војна, префрлајќи ја одговорноста за тензиите на Западот од кој Киев сака да купи повеќе „одбранбено” оружје.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера го обвини Вашингтон дека од неодамна спроведува опасни воздушни воени вежби.

Тој истакна дека „во американската вежба „Global Thunder”, десет американски стратешки бомбардери се обучувани да користат нуклеарно оружје против Русија од исток и од запад”, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

Bleach

Tokyo Revengers Episode 21 - Uncen

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

animeflix My Hero Academia Season 2

JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 39