November 30, 2021 10:26
Македонија

Првиот претседавач на Собранието, д-р Стојановски, до Заев: Имате целосна поддршка за обединување на сите прогресивни сили кои водат силно, неуморно и безрезервно напред

Д-р Никола Стојановски, поранешен учесник во НОБ, прв преседавач на Собранието по осамостојувањето во 1991 година, долгогодишен пратеник, доктор педијатар, а сега и претседател на Главниот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ, му испрати писмо со поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ја пренесуваме содржината на писмото во целост.

Почитуван Госпoдине Зоран Заев,

Како борец учесник во НОБ, прв преседавач на Собранието по осамостојувањето во 1991 година, долгогодишен пратеник, доктор педијатар, а сега и претседател на Главниот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 година, будно ги следам случувањата изминативе денови.

Искрено ви се восхитувам на големите и храбри чекори кои ги презедовте вие и вашите соработници. Чекорите и борбата која ја водите за напредокот на нашата земја е за поздравување и за поддржување.

Нашата земја мора да продолжи напред, бидејќи јас добро знам што значи борба за подобро утре, борба која сум ја водел заедно со моите соборци, партизанки и партизани за нашата земја да биде слободна, демократска и рамо до рамо да чекори со останатите земји кои итаат кон подобро утре. Оттука, Вие, почитуван господине Заев, заедно со вашите соработници ја имате мојата целосна поддршка за обединување на сите прогресивни сили кои водат силно, неуморно и безрезервно напред. Периодот на деструктивност е минато и таму треба да остане.

Секогаш, како што правите и самиот, всушност, мора да се слуша внимателно корективниот сигнал на народот. Вие тоа умеете добро да го слушнете и да се коригираат некои пропусти. Токму заради тоа, заради вашите заложби за подобро утре на државата, за подобро утре на секој граѓаните, Вие ја имате мојата лична поддршка во секој момент.

Само обединети, без суети, со многу мудрост и взаемна поддршка можеме да продолжиме заедно по најдобриот пат за сите нас. Демократското право го почитувате, но треба секој од нас да го направи, односно да си го оствари тоа право, преку тајно гласање кое е загарантирано со уставот. Го имаме тоа право сите и да го искористиме. Сите заедно, сите да излеземе на гласање, бидејќи тоа и го должиме на државата.

Тоа е одговорност кон државата. Секогаш и во секое време ја имате мојата поддршка со моето искуство и важно минато.

Со почит,

Д-р Никола Стојановски

KissAnime: Betterman anime episode 26 online free at https://kissanime.mx promare kissanime

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://animefreak.ws: Watch Miss Monochrome - The Animation animefreak Episode 13 attack on titan animefreak

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official