November 12, 2019 18:11
Магазин

Првиот град на Марс ќе се гради 20 години

Според проценките на директорот на Спејс-Икс – Илон Маск, првиот град на Марс би се градел најмалку 20 години и за тоа би биле потребни барем 1.000 вселенски бродови.

Според него, лансирањето на една ракета „Старшип” ќе чини два милиони долари, а градот на Марс, многу веројатно, ќе стане реалност. За таа цел, сепак, ќе треба да бидат лансирани околу 1.000 такви полети со коишто ќе се пренесуваат потребните материјали.

Патот од Земјата до Марс засега може да се мине за две години.

Пред да се изгради одржлив град на Марс, претходно ќе се реализра астронаутска мисија со луѓе на Црвената Планета. Сепак, сега се чека луѓето прво да отидат на Месечината, за што НАСА постави рок до 2024 година. Спејс-Икс се надева дека до 2022 година ќе спушти свое летало на месечевата површина заради подготовките за слетување на астронаутите.

Во минатото, Маск ја спомна и мисијата за спуштање на екипаж на Марс во 2024 година, но тоа се чини многу тешко изводливо.

Нови вести

Во куќа со две малолетни деца чува питон долг 5,5 метри и тежок 110 кг

zane

Сталоне делуваше импресивно во темен костум на проекцијата Very Ralph

zane

Флавио Бријаторе во страстен бакнеж со 49 години помладa девојка

zane