October 19, 2021 04:24
Македонија

Прва средба на највисоко ниво со новата американска администрација: Шекеринска на состанок со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин III

И покрај строгите мерки предизвикани од пандемијата за рестрикции на средби и состаноци со физичко присуство, во Вашингтон, САД беше организирана средба помеѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин III.

Средбата измина во исклучително пријателска атмосфера при што министерката го запозна министерот за одбрана на САД со тековните процеси во одбранбената сфера и ги истакна позициите на Северна Македонија во геополитичките процеси во регионот.

Потенцирајќи го успехот постигнат со членството на Северна Македонија во НАТО, министерката посочи дека истиот се должи на решителната политика, храбрите одлуки, но и на големата посветеност и работа во одбраната кои, во изминативе 30 години, носат и силен американски белег.

САД во целиот период од нашата независност беа и останаа наши најсилни поддржувачи и стратешки партнери”, рече таа.

Изразувајќи задоволство од средбата,  секретарот за одбрана Остин истакна дека сојузништвото со Северна Македонија високо се цени и е од исклучително значење за САД. Тој се заблагодари за долгогодишното партнерство и соработка во одбраната и нагласи дека тоа ќе продолжи да се развива со уште посилен интензитет.

Министерката се осврна и на процесот на евроинтеграцијата и оцени дека застојот не оди во прилог на заложбите за стабилен Западен Балкан.

Застојот во евроинтеграцијата на Северна Македонија ја поткопува довербата во европските вредности и во храбрите одлуки што ги направивме како држава за да ги отстраниме препреките на тој пат. Сметам дека силен и координиран европски и американски ангажман би довел до позитивно придвижување и надминување на статус-кво во процесот, со што ќе се врати довербата во него и ќе се оневозможат влијанијата од трети страни”, рече Шекеринска.

Шекеринска во Пентагон се сретна и со Колин Кал, потсекретар за политички прашања. На средбата стана збор за состојбата во Авганистан, новите предизвици во сајбер безбедноста, блокадата на преговарачкиот процес со ЕУ и заедничкото развивање на Криволак како НАТО полигон за армиски вежби.

Watch anime online for free at KissAnime kissanime gogoanime

Watch Happy Seven: The TV Manga Episode 13

Website https://animefreak.ws: Watch Case Closed: The Phantom of Baker Street (Dub) animefreak Episode Full watch anime free

AnimeBee: Usavich Zero anime episode 13 online free at https://animebee.to watch animes

Lazi: https://lazi.vn/user/gogoanimelol

Zoimas: https://www.zoimas.com/profile/gogoanimebe/about