January 22, 2020 07:52
Македонија

Прва пресуда за Рекет: Кичеец осуден на три години затвор

Зоран Милески Кичеец по брза постапка беше осуден на три години затвор денеска во Кривичниот суд во Скопје, откако на вчерашниот почеток на судењето за „Рекет“ призна дека е виновен, па тој беше издвоен од постапката во која судењето продолжува за Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Пресудата ја изрече судијката Васка Николовска-Масевска, а присутна во судницата беше и шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Во пресудата ќе му се пресмета и времето кое Милески го помина во притвор од 15 јули, а ќе остане во домашен притвор до правосилноста на пресудата, односно до неговото одење на издржување на казната.

Според обвинението, преку третообвинетиот Милески кој ги договарал средбите на Боки 13 и Орце Камчев во неговиот дом, Боки 13 го уверил сведокот Камчев дека Јанева ќе ги исполни, односно ги исполнила сите негови барања за олеснување на неговиот статус како осомничен и притворен во истрагата на СЈО „Империја“. Таа незнаејќи дека сведокот Камчев ги снима што зборуваат, како рекетираат и како Јовановски зема торба со пари од него, по телефон го уверува: „Сè ќе биде океј!“

Милески е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за кое е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.

На вчерашното судење Боки 13 рече дека немал никакво влијание врз Катица Јанева со која седел во ресторан барем ист толку време како и со обвинителката Вилма Рускоска. Рече дека на наредните судења само да е жив и здрав, ќе каже кој се е инволвиран во случајот, кој е организаторот, а од камерата одземена од неговите родители ја крие вистината каде завршила торбата со парите.

-Самонаречена естрадна ѕвезда е срамотен термин изнесен од Рускоска. Резултатот на овој линч е загрозување на мојот и животот на моите блиски, а благодарение на ОЈО случајот стана сензација и средство за политичко препукување и уништување на медиум. Притворот ми ја влоши здравствената состојба поради двете неуспешни операции извршени во болницата каде сопственик е сведокот Камчев. И од воведниот говор на Рускоска имам впечаток дека како и претходно, има намера и овој судски совет да го истресе од гаќи, рече Јовановски.

И поранешната специјална обвинителка Катица Јанева  како и нејзните адвокати во воведните зборови го негираа обвинението против неа.

-Не се чуствувам виновна и знам дека ОЈО нема никакви докази против мене. Горда сум на СЈО и на тоа што моите колеги со кои се гордеам, го направивме во изминативе години. За четири години направивме 171 предмет кои сите во различна фаза ги предадовме на Јавното обвинителство и очекувам тие да имаат завршница и ќе продолжат со борбата против криминалот. Одговорно тврдам дека постапував согласно закон и се што сум направила во СЈО ќе биде основа на изучување од следните генерации. Јас како СЈО во изминатите четири години се изложив лично, како и моето семејство на голем ризик. Се уште одам до крената глава и можам секому да му погледнам во очи оти оставив зад мене искусен кадар. Се надевам дека судот ќе донесе ослободителна пресуда во овој конструиран случај од Вилма Рискоска и дека судскиот совет нема да се исплаши од заканите на Рускоска дека ќе ве истресе од гаќи, рече Јанева.

Обвинителката Вилм Рускоска рече дека Јанева влегла во филмот Чарлиевите ангели, мислејќи дека никој не и може ништо и влезе во мрежата на смонаречената естрадна ѕвезда.

-Го издаде народот кој и веруваше и го посрами целото обвинителство. А тоа не го направи од наивност туку од алчност. Ќе видите од сведочењето на обвинетите дека Орце и Ана Камчева барале помош од нив за да се спасат, но кога ќе сведочи Ана Камчева ќе видите дека не е така. Жртви не се тие што давале пари, туку сите ние  народот, рече Вилма Рускоска.

Нови вести

Стефан Сежурне за МИА: Претседателот Макрон одлучи да го претвори самитот во Загреб во успех

Valentina

Османи на средба со членовите на ДКСК, тема претстојните избори

Valentina

Милошоски: Заев нема кредит од меѓународната заедница пак да направи мнозинство со осумте пратеници

Igor