August 5, 2021 03:31
Македонија

Пратениците расправаа по пакетот закони за заштита на животната средина и управување со отпад

Пратениците во попладневниот дел во рамки на 43-тата седница денеска расправаа по повеќе предлог-закони кои се дел од пакетот закони за заштита на животната средина, сите во второ читање, како и за предлог законот за управување со отпад, во прво читање, со кој се предвидува отворање регионални депонии за менаџирање со отпад.

Собранието денеска само расправаше и не гласаше по овие точки, а заменик претседателот на Собранието Горан Мисовски, рече дека за гласањето дополнително ќе ги информира пратениците. Собранието 43-тата седница ќе ја продолжи утре.

Образложувајќи го Предлог законот за управување со отпадот, заменик министерка за животна средина, Христина Оџаклиеска, рече дека со ова законско решение се прави прецизно утврдување на обврските за селектирање и третман на отпад на национално и локално ниво, со цел воспоставување функционален систем за самоодржливо регионоално управуавње со отпад, изградба на регионални депонии и затворање на сите нестандардни депонии и ѓубришта.

– Јасно се утврдени надлежностите и обврските за овозможување на регионално собирање, транспорт, селектирање, рециклирање, третман и повторно искорисување на отпадот. Новиот закон ќе овозможи подобра контрола врз животната средина во областа на управување на отпад преку намалување на количините депониран отпад, намалување на нелегалните депонии, зголемување на вработените во преработка на отпад и развивање на циркуларната економија, изјави Оџаклиеска.

Маја Морачанин, од ДОМ, рече дака го поздравува пакетот закони кои го третираат менаџирањето со отпад и дека е добро што конечно ќе има закони кои се усогласени со европското законодавство.

–  Она што е важно за циркуларната економија е дека практично целта е што помалку да се искористуваат природните ресурси, а на крајот од процесот што помалку да заврши како отпад. Се останато да се рециклира и повторно употреби. Тоа е целта и така е креиран системот на управуавње со отпад, рече Морачанин.

Таа посочи дека граѓаните не треба да имаат сомнеж, дека изградбата на некоја регионална депонија ќе има негативен ефект врз животната средина, нагласувајќи дека, напротив, ќе резултира со затворање на дивите депонии и поголемо рециклирање.

Дебата во Собранието, имаше по предлог измените на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, во второ читање. Пратеникот Љупчо Пренџов, од ГРОМ, рече дека ова законско решение што е со европско знаменце, нема ниту една нова мерка, потсетувајќи дека ова парламентарно мнозинство уште во 2015 година ова прашање го направило политичка тема на кое добило избори.

–  Денеска четири години подоцна имаме закон за амбиенталниот воздух во кој ништо не се предлага. Ни се става европско знаменце, а ако го прочитате ќе видите дека е обично усогласување со Законот за прекршоци. Не се предвидува ниту една мерка, ниту еден денар од Буџетот, рече Пренџов.

Пратеничката Снежана Калевска Ванчевска, од СДСМ, реплицираше дека со ова законско решение се врши усогласување со Директивите од ЕП и Советот на Европа, кои претходно не биле усогласени.

– Единиците на локална самоуправа мора да одвојуваат во своите буџети средства за овие прашња. Тоа е суштинското, посочи Калевска Ванчевска.

Пратеникот Ненад Коциќ, од СДСМ, рече дека со овој закон за првпат влегуваат и индикативни мерања, како доплнување на досегашните фиксни мерења.

– Ова е битно, за да евидентира локалната самоуправа од каде доаѓа загадувањето. Не е точна информацијата дека на законот не било работено и не биле поднесени амандмани. Беше интервенирано со амандмани за одговорноста на градоначалниците за имплементирање на плановите за намалување на загадувањето, посочи Коциќ.

Собранието, во рамки на овој пакет закони, ги помина и предлог законите за заштита на природата, за водите, за планински патеки, за заштита од бучава во животната средина и за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, сите во второ читање.

Пратениците во попладневниот дел без расправа го поминаа Предлогот за именување на Зоран Маџовски за претседател на Регулаторната комисија за домување, додека Башким Алили, Сеад Личина и Зоран Павловски за членови, како и Предлогот за именување на Агрон Сефери за заменик директор на Агенцијата за администрација. За гласањето по овие предлози, заменик претседателот на Собранието Горан Мисовски, рече дека дополнително ќе информира.

Собранието без ниту еден пријавен за збор ги помина расправите по повеќе точки од дневниот ред на 43-тата седница, и тоа по предлог измените на Законот за даноците на имот, во трето читање, на Законот за работните односи во второ читање, како и законите за данокот на добивка, за јавен долг, за комуналните такси и за даноците на имот, сите во второ читање.

Без дебата, Собранието, ги помина и предлогот за ратификација на Договорот меѓу Владата Обединетите Арапски Емирати за поттикнување и заемна заштита на инвестиции, за ратификација на Протоколот за измена на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, и за ратификација на Договорот помеѓу Владата и Француската Република кој се однесува на основањето и на активностите на Француската Агенција за развој, на Пропарко и на Експертиза Франција.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Watch Tayutama: Kiss on My Deity Episode 12

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free. Watch The Qwaser of Stigmata Episode 24

AnimeFreak Watch english anime Online in HD for FREE. .hack//Unison (https://animefreak.ws/m/dAZN) Episode Full

KissAnime About: https://about.me/kissanimemx