August 14, 2022 20:50
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го прифатија повикот на ССМ и се сретнаа со работниците пред Собранието

Го прифативме повикот за средба со ССМ и излеговме пред Собранието.

Ние како пратеничка група го поднесовме амандманот на ССМ со кој требаше во предлог ребалансот на Буџетот за 2022 година да се обезбедат средства за линеарно покачување на платата на јавната администрација за 2806 денари но за жал, мнозинството го одби.

Не може народните претставници да бегаат од работникот и синдикатите.

Доста е со лажни ветувања.

Веднаш да се реализираат дадените ветувања, уште еднаш го повикуваме мнозинството да го преиспита својот став и да го поддржи комисискиот амандман.