June 28, 2022 01:13
Македонија

Пратениците кои бојкотираат да се откажат од платите и привилегиите, граѓаните не смее да плаќаат неработници

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои бојкотираат и блокираат Собрание не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување.

Тие итно треба да се откажат од сите привилегии, да ги донираат платите и да престанат да користат службени телефони, патувања и се што им следува, бидејќи тоа не го заслужуваат.
Неодговорноста и партиската послушност кон лидерот Мицкоски ќе биде единствената работа по која ќе се памети овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не смее и не треба да го плаќаат граѓаните од свој џеб. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да служат на оние од кои се бирани и платени, му служат само на лидерот од белата палата. ВМРО-ДПМНЕ останува единствената партија која во време на криза се обидува да отежне, дополнитлено да го загорчи животот на сите граѓани и да блокира се што е во интерес на надминување полесно на состојбите.
Ваквата антидржавна политика, себичност и негрижа ќе бидат повторно силно поразени уште на следните избори.
СДСМ остро ќе се спротистави на овие блокади и ќе најде начин како да ги донесе законите од интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики.

https://tai.go88.is/

Tải Sunwin APK IOS 2022 mới nhất | Đánh giá cổng game SUNVN sunwin it solutions live chat sunwin