June 16, 2021 15:22
Македонија

Пратеникот со скафандер, Богдановски ќе дејстува независно од ДОМ

Пратникот од ДОМ, Мирослав Богдановски ќе остане лојален на владејачкото мнозинство, но ќе делува независно од неговата матична партија, која вчера го смени од потпретседателската позиција, објави „360 степени“.

Централниот одбор на ДОМ вчера освен на Богдановски ѝ изгласа недоверба и на другиот потпретседател, Ана Петровска, актуелна директорка на Државниот инспекторат за животна средина бидејќи иницирале нелигитимен вонреден конгрес на партијата.

Мирослав Богдановски е еден од пратениците кој во Собранието дојде во скафандер за гласање на петтиот пакет економски мерки.

-Останувам во мнозинството со поддршка на оваа Влада. Гледате како вчера се случи тоа што се случи. Во таа партија владее тортура врз членовите што имаат различно мислење од претседателката, така што моето дејствување ќе биде како независен, не можам да ги претставувам тие луѓе. Ние сме дел од тој ДОМ што веќе не постои како демократска партија. Вчера Централниот одбор на партијата беше свикан за предлогот за вонреден конгрес. Со тоа првично им се даде легитимитет на собраните потписи за вонреден конгрес, но на шверцерски начин, луѓе што не се дел од Централниот одбор, а се претставуваат така, го сменија дневниот ред и вметнаа точка – гласање доверба. Затоа го напуштивме состанокот, немавме легитимитет да менуваме дневен ред и да менуваме точки. Ние не се боревме ни за позиции ни за претседатели, сакавме да воведеме копретседателство, ротирачко, за секој да може да учествува во раководење со таа партија. Со ротација на шест месеци ние ќе изберевме двајца копретседатели, а заведен ќе биде еден. И сега на иницијаторите на тој предлог како награда им е изгласана недоверба, вели Богдановски.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин ги негира тврдењата за тортура во партијата кон неистомисленици и тврди дека внатрепартиските работи никако не може да се доведат во корелација со државните функции.

-Ова е внатрепартиска работа. Да ги раздвоиме партиските од државните функции. Доколку директорката на ДИЖС си ја извршува работата, нема потреба од разрешување. Има кој да ги процени резултатите од нејзиното работење, ние како партија нема да бараме нејзино разрешување. Како ќе дејствува пратеникот во Собранието, не знам, вели Морачанин.

ANIMEFLIX watch anime free: Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 11

GoGoAnime gogoanime dragon ball z: Don't Toy with Me, Miss Nagatoro Episode 6