June 25, 2022 10:58
Свет

По француските, Москва протера и 24 италијански и 27 шпански дипломати

Русија соопшти дека протерува вкупно 85 дипломати од Франција, Шпанија и Италија како одговор на слични потези на тие земји, истакнувајќи дека односите со водечките членки на ЕУ се затегнати од почетокот на војната против Украина.

Амбасадорите на Франција, Италија и Шпанија денеска се повикани на разговор во руското Министерство за надворешни работи, каде и официјално се информирани за одлуките што ги донесе Москва.

Министерството за надворешни работи соопшти дека протерува 34 членови на дипломатскиот персонал од Франција, 27 од Шпанија и 24 од Италија.

Трите европски земји заедно протераа повеќе од 300 Руси од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари. Руските дипломати се обвинувани за шпионажа, што Москва го негира.

Минатиот месец Русија протера 45 полски и 40 германски дипломати. Таа најави одмазднички мерки и против Финска, Романија, Данска, Шведска, Норвешка и Јапонија, меѓу другите.

Италијанскиот премиер Марио Драги го опиша потегот на Москва како „непријателски чин” и предупреди дека не треба да се прекинат дипломатските канали. – Ова апсолутно не смее да доведе до прекин на дипломатските канали, бидејќи токму преку овие канали, доколку успееме, ќе се постигне мирот што секако го посакуваме, изјави шефот на италијанската влада.

Париз денеска „остро го осуди” протерувањето на 34 француски дипломати и оцени дека одлуката на Русија „нема легитимна основа”.

„Руската страна ја претставува одлуката како одговор на одлуките на Франција” од април, кога беа протерани неколку десетици руски агенти поради сомневање дека се шпиони, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

https://go88.gg/

nhóm zalo sunwin sunwin investment không tải được sunwin