February 28, 2020 07:28
Свет

По ураганот „Доријан“, на плажа испливале 16 тули кокаин во вредност од 400.000 долари

По силните ветришта на ураганот Доријан, кој ги опустошиа Бахамите и се упати кон САД, на една плажа на Флорида испливале десетици тули кокаин.

Невообичаената амбалажа била пријавена во полиција од страна на минувач, пренесува „Дејли мејл“.

Кога пристигнале на плажа, полицајците пронашле пакет кој бил „завиткан на начинот на кој се пакуваат наркотиците“, и од  една страна на пакетот, со големи букви пишувало „diamant“.

Во една тула имало дури еден килограм кокаин, соопшти полицијата.

Неколку часа подоцна, полицијата пронашла торба со уште 15 тули кокаин која испливала на брегот.

Според властите, вредноста на еден килограм кокаин е помеѓу 20.000 и 30.000 американски долари, така што целиот кокаин се проценува на 400.000 долари.

Пакетите се предадени на одделот за наркотици, кој ја продолжува истрагата.