September 23, 2019 22:32
Свет

По ударот на ураганот 2.500 исчезнати на Бахамите, листата се проверува

Официјални претставници соопштија денеска дека 2.500 лица се водат како исчезнати на Бахамите по ударот на ураганот Доријан.

Портпаролот на Националната служба за управување со кризни ситуации Карл Смит нагласи дека листата на исчезнати не е проверена, односно не е утврдено дали некој од списокот се наоѓа во засолништата.

Според Смит, во тек е проверка на базата на податоци.

При ударот на ураганот на Бахамите загинаа 50 луѓе, а илјадници се сместени во засолништа.

Нови вести

Вокер: Крим самиот ќе посака да стане дел од Украина ако земјата влезе во ЕУ

Igor

Трамп смета дека заслужува Нобелова награда за мир, но дека сè е наместено

Igor

Во Франција сомнеж дека таблети за слабеење предизвикале смрт на 2000 лица

Igor