December 1, 2021 13:27
Магазин

По три месеци во Вселената, кинеските астронаути се вратија на Земјата

Тројцата кинески астронаути денеска се вратија на Земјата. Тие минаа три месеци во Вселената, а тоа е, официјално, најдолгото време за кинески вселенски истражувачи.

Није Хајшенг, Лиу Боминг и Танг Хонгбо полетаа од Земјата на 17 јуни. Главна цел на Кинезите беше вселенската станица Тијангонг, која е во изградба. Таа треба да се заврши до 2022 година, а Кина планира таму да испрати уште два тешки модули, покрај сегашниот „Тијанхе” – секој тежок по 20 тони.

По досега најдолгата вселенска мисија со екипаж на Кина, капсулата за враќање на бродот „Шенжоу 12″ беше забавена при спуштање со голем падобран и конечно слета во пустината Гоби во северна Кина. Сѐ тоа одеше во живо на Кинеската државна телевизија.

Следниот лет со луѓе е предвиден за октомври.