December 1, 2022 17:45
Свет

По седум години отворена границата меѓу Колумбија и Венецуела

Колумбија и Венецуела ја отворија границата по тензии што траеја со години и неодамнешната обнова на дипломатските односи.

Првиот товарен камион го помина мостот Симон Боливар од Колумбија во соседната земја за првпат по седум години. Ќе бидат обновени и комерцијалните летови.

Границата првпат беше затворена во 2015 година поради порастот на криумчарење на евтина роба од Венецуела во Колумбија и извештаите за борби меѓу венецуелските војници и колумбиските криумчари.

Двете земји неодамна ги обновија дипломатските односи. До нивното постепено приближување дојде по изборот на Густаво Петро за прв левичарски претседател во поновата колумбиска историја, на 19 јуни.