Балкан

По изборите во Албанија односите со Србија ќе бидат конструктивни

Од кабинетот на албанскиот претседател Илир Мета, на барање на медиумите го изнесоа ставот околу изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, за изборната кампања во Албанија, анкетите и јавните личности во оваа земја. Во изјавата портпаролот Теди Блуши, повикувајќи се на, како што вели, сите сигурни анкети што ги спроведе претседателот на Републиката, Илир Мета, Алијансата за промени (опозицијата) ќе победи на парламентарните избори, на 25 овој месец, со повеќе од две третини од пратеничките места.

-На 25 април 2021 година, според сите сигурни анкети што ги спроведе претседателот на Републиката, Илир Мета, Алијансата за промени ќе освои над две третини од 140-те пратенички места. По 25 април 2021 година односите меѓу Албанија и Србија ќе бидат конструктивни и засновани на меѓусебно почитување, наведува Блуши.

Додава дека „се знае чија кукла е Рама” па на 25 април ќе ја добие пресудата на народот во Албанија.

-Познато е чија кукла е Рама, па на 25 април ќе ја добие пресудата на народот во Албанија. Преку референдумот на 25 април и триумфот на промената, Албанците ја укинуваат блокадата за отворање на преговорите со Европската унија. Членството во ЕУ е единствениот проект што го имаме, оценува Блуши.

Претходно претседателот Вучиќ коментирајќи ги изборите во Албанија, меѓу другото изјавил дека зад лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, стои поранешнот претседател и екс премиер Сали Бериша.

Според него, тие зборуваат за „Голема Албанија” и тој се чувствува горд што ги попречува.

-Зад Љуљзим Баша стои Сали Бериша и знаете, целата историја зад неа, од северот на Албанија, со целиот товар на минатото, но ова е нивно прашање. Секако дека сум горд што сум нивна најголема пречка затоа што тие отворено зборуваат за создавање на Голема Албанија. Тие зборуваат отворено за ова а никој не реагира, рекол меѓу другото Вучиќ.

AnimeHeaven animeheaven bna: Watch Dragon Ball (Dub) Episode 65 (https://animeheaven.pro/m/Kxv/ep-65)

ANIMEFLIX animeflix darling in the franxx: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 8