April 19, 2019 23:16
Uncategorized

По жалбените одлуки од судот ќе се знае кога Груевски ќе оди во затвор

Сите жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот на поранешниот премиер Никола Груевски се пристигнати во судот, потврдија од Кривичениот суд за МИА.

Од судот информираат дека од утре тече рокот од три дена во кои Кривчниот совет треба да донсе одлука по жалбите.

Груевски денеска требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк”. Вчера собраниската  Комисијата за мандатно и деловнички прашања, по барање на судот, препорача да му биде одземен мандатот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Конечната одлука за неговиот имунетет треба да ја донесат пратениците на утрешната пленарна седница. За да му биде одземен имунитетот, неопходно е за тоа да се изјаснат две третини од вкупниот број на пратеници.

Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај за предметот „Тенк” за набавка на мерцедесот вреден 600 илјади евра.

Нови вести

Мицкоски од Берово: потребно да се обединиме околу професорката Сиљановска и да ја дадеме нашата поддршка

Igor

Проширувањето кон Западен Балкан да остане приоритет на следната ЕК

Filip

Темелковски влегува во трка за претседател на КФМ

24news