Search

По Брегзит, Меси и Роналдо нема да смеат да влезат на Островот

Некои од најдобрите светски фудбалери, како Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Диего Коста, Марсело, и нивните клубови, би можеле да имаат голем проблем доколку после излегувањето на Велика Британија од Европската унија, треба да играат со тим од Англија.

Кон крајот на месецов се очекува Велика Британија да излезе од ЕУ, а сите фудбалери кои имаат условни затворски казни за ненавремено плаќање на даноците, нема да може да влезат во кралството, поточно во Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Преговорите за популарниот Брезгит се во тек, и засега никој не знае какви проблеми може тоа да донесе во фудбалска Европа, но можни се разни шокови од типот на забранет влез на Меси или Роналдо, па Барса и Јуве да треба без нив да гостуваат во Лондон, Ливерпул или Манчестер. 

Треба да знаете
Последни објави