October 17, 2021 18:57
Балкан

По албанскиот премиер Рама и претседателот Мета реагираше за ситуацијата на границата на Косово

Во врска со ситуацијата во Јариње и Брњак по одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да воспостави реципроцитет за регистарските таблички со Србија, преку Фејсбук статус реагираше албанскиот претседател Илир Мета.

-Зачувувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Република Косово е клучен фактор за консолидација на мирот, безбедноста, стабилноста и добрососедството во регионот и основа за градење стабилни односи со Србија, напиша Мета.

Во исто време тој апелира до страните да ги намалат тензиите и да го продолжат дијалогот.

-Во овој дух, двете страни мора да ги надминат тензиите, да го продолжат дијалогот и да се придржуваат кон обврските што произлегуваат од договорите постигнати меѓу двете земји, со посредство на ЕУ и САД, ја завршува својата реакција Мета.

Претходно, реагираше и албанскиот премиер Еди Рама наведувајќи дека „Косово мора на дијалог, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува”.

„Косово со право го покрена прашањето. Сега кога проблемот ќе се реши и реципроцитетот на регистарските таблички ќе се гарантира, избегнувајќи го бумерангот од замрзнување на конфликтот во овој момент (како што се случи со царината од 100 отсто). Косово мора на дијалог, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува”, напиша Рама во објава на Фејсбук.

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

Website https://gogoanime.be: Watch Tsurune: Kazemai Koukou Kyuudoubu (Dub) gogoanime Episode 13 seven deadly sins gogoanime

Animepahe Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://aniwatch.pro: Watch Chain Chronicle: The Light of Haecceitas (Dub) aniwatch Episode 12 anime websites

Myminifactory: https://www.myminifactory.com/users/gogoanimelol

Muckrack: https://muckrack.com/gogoanimelol