September 25, 2021 04:25
Македонија

Поштите на Србија и Северна Македонија потпишаа Протокол за деловна соработка во рамките на „Отворен Балкан”

Директорите на Поштите на Србија и Северна Македонија, Зоран Ѓорѓевиќ и Јани Макрадули денеска во Белград потпишаа Протокол за деловна соработка, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”, јави допсиникот на МИА од Белград.

Документот е потпишан три дена по Економскиот форум за регионалан соработка во Скопје, како дел од иницијативата „Отворен Балкан” и е првиот чекор кон конкретизирање на договорот помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама на зајакнување на економската соработка во регионот.

Макрадули изјави дека потпишувањето на Протоколот за соработка е почеток на практичната имплементација на иницијативата „Отворен Балкан”, што во Скопје ја најавија лидерите на Србија, Северна Македонија и Албанија.

– Ние сме соседи и соработници, но во суштина нашата соработка може да биде далеку поголема. Затоа денешниот документ не е само формалност, бидејќи нашата соработка, особено преку развојот на е-трговијата и логистичките капацитети, ќе ги постави темелите за отворање трговија на Балканот, што е исклучително важно за надминување на последиците предизвикани од пандемијата на коронавирусот, изјави Макрадули.

Ѓорѓевиќ по потпишување на Протоколот изјави дека поштите на Србија и Северна Македонија сакаат да бидат лидери не само во национална, туку и во меѓународна рамка, и дека Протоколот што е потпишан претставува рамка на соработка за постигнување на таа цел.

– Денес, ја воспоставивме рамката за развој на нови заеднички услуги, пред се во областа на активностите на кои Пошта на Србија веќе работи интензивно, а тоа е дигитализација на услугите и развој на е-трговијата. Приближувањето на Поштите на Србија и Северна Македонија ќе придонесе за развој на економиите на нашите земји, подобар настап на регионалниот пазар и ќе донесе нови работни места и приходи, како и посилна врска помеѓу нашите граѓани и економии, изјави Ѓорѓевиќ.

Тој посочи дека Пошта на Србија, благодарение на широката мрежа на меѓународни линии, пред се кон Северна Америка, националната авиокомпанија „Ер Србија”, што наскоро се очекува да воведе летови до Далечниот Исток, ќе стане регионален центар за логистичко-поштенски услуги, со што дополнително ќе ја поддржи имплементацијата на иницијативата „Отворен Балкан”.

Ѓорѓевиќ и Макрадули најавија дека ќе испратат иницијатива до владите на Србија, Северна Македонија и Албанија за воспоставување заедничка поштенска марка и единствена цена за услугите на пратки, со цел на граѓаните од сите три земји да им се обезбедат услуги по единствена тарифа, како дополнителен поттик за отворање на балканските пазари.

Watch Fullmetal Alchemist Episode 51

https://animebee.to watch anime dub

Website https://animeflv.uk: Watch The Enchanted Journey (Dub) animeflv Episode Full free anime

Joker Game: Kuroneko Yoru no Bouken Episode 2

Metooo: https://www.metooo.io/u/animefreakws

Instapaper: https://www.instapaper.com/read/1424460457