Пошта повторно ја воведува услугата пензија до дома. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели генералниот директор Јани Макрадули кој ги објави и провизиите.
Макрадули вели дека Пошта има најниски провизии од сите на финансиски институции на пазарот.
„Пошта е партнер на Халк банка и НЛБ Банка за исплата на пензиите дома. Оваа услуга ја покрива целата територија на државата, а се носат пензии во различни суми. Надоместокот за исплата на пензии до 5.000 денари е 70 денари. За тие од 5.001 до 9.000 денари е 100 денари. Провизијата за суми од 9.001 до 15.000 денари е 130 денари, а за пензиите над 15.001 денар изнесува 160 денари“, информира Макрадули на Фејсбук.
-Доколку има сметка во некоја од другите деловни Банки, треба да се одјави (се мисли на сметка на која му доаѓа пензијата) и да отвори сметка во Халк или НЛБ банка. Притоа, задолжително треба да нагласи дека сака пензијата да ја добива на домашна адреса – појаснуваат од Пошта.