September 25, 2020 16:26
Македонија

Почна седницата за ЈО, па прекината бидејќи Дескоска не го образложи законот

Седницата за Законот за ЈО почна по половина час задоцнување по средбата на претседателот на Собранието, Талат Џафери со коорддинаторите на пратеничките групи.

Веднш откако почна седницата беше прекината по барање на пратеничката од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова која реагираше зошто нивниот координатор не беше повикан на средбата.

Откако Џафери и објасни, збор бараше координаторот на СДСМ, Јован Митревски, кој побара да се работи 24 часа до недела за да се донесат сите закони кои се услов за одржување на избори на 12 април.

На тоа реплицираше координаторот на опозицијата, Никола Мицевски, кој му порача дека избори на 12 април мора да има и оти на средбата кај претседателот Стево Пендаровски, биле договорени избори без никакви услови.

Според него, СДСМ намерно одолговлекува затоа што имал доволно време за да се донесат голем дел од законите, но тоа не го направиле па сега се вадат со опозицијата.

Кога Џафери ја продолжи седницата Мицевски пак реагираше бидејќи министерката за правда Рената Дескоска, иако барала јавна расправа за истиот не ги послушала експертите и не дошла во Сообранието да го образложи законот, по што побара пауза од еден час додека не се појави министерката.