January 30, 2023 02:51
Македонија

Почна реконструкцијата на објектите на Универзитетот „Мајка Тереза” во касарна „Илинден”

Во касарната „Илинден” во Скопје денеска почна реконструкцијата на објектите во кои ќе биде сместен Универзитетот „Мајка Тереза” (УМТ).

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Сопје, Изет Зеќири информира дека Универзитетот дозволата за реконструкција ја добил во мај, додека во ноември почнале да работат на елиминација на објектите кои се сметаа за руинирани. Тој потенцира дека УМТ ќе биде готов дури кога ќе се изгради новиот кампус, за што, како што најави, до 5 јануари 2023 година се очекува да биде завршен генералниот проект.

– Ние го создадовме УМТ со осум факултети, со над 40 студиски програми, со 3.700 студенти, со 760 студенти пријавени во прва година за оваа академска година, со 66 професори, 32 асистенти, соработници, докторанти и 67 вработени во администрацијата. Имаме потреба од нови вработувања. Имаме потреба од академски кадар за да се исполнат законските услови и да се води наставниот процес на Универзитетот, рече Зеќири.

Обраќајќи се на настанот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири истакна дека иако се создаваат образовни институции, нивниот живот го одржуваат студентите и наставниот кадар на Универзитетот.

– УМТ е формиран како важен Универзитет, бидејќи студентите на Универзитетот денес се дел од програмите на различни европски универзитети и пошироко во согласност со соработките што ги има Универзитетот, рече Шаќири.