January 18, 2021 07:45
Скопје

Почна расчистувањето на кејот околу новиот пешачки мост кај МНТ

Екипите на Град Скопје почнаа да го расчистуваат кејот на реката Вардар околу новиот пешачки мост кај зградата на Македонскиот народен театар.

-Овој дел од кејот скоро осум години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на Панорамското тркало. Изградбата на мостот е готова, Панорамско тркало нема, а сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат, соопшти Град Скопје.

Од овој потег досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал, а Градот најави дека чистењето ќе продолжи и во наредните денови.

Hero Return (https://gogoanime.be/m/oogY) Episode 12 at GoGoAnime gogoanime boku no hero academia

Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 12 at AnimeFreak old animefreak