June 28, 2022 02:23
Скопје

Почна ноќното бележење на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во Скопје

 Екипите на ЈП „Улици и патишта”, кои ја одржуваат хоризонталната сигнализација, по налог на Град Скопје почнаа со ноќното обележување на сообраќајниците низ градот. Како што информира Град Скопје, извршено е бележење на хоризонталната  сигнализација на булеварот „Илинден” во насока од булевар „ВМРО” кон улицата „Никола Парапунов”, машинско обележување на надолжни линии и такси станици кај СЦ „Борис Трајковски”, како и на улицата „Франклин Рузвелт”.
Синоќа машинско бележење на хоризонтална сигнализација, како што е најавено, се вршеше во општина Центар, на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов” на потегот од булевар „Климент Охридски” кон „Рузвелтова”. Во рамки на пролетната акција во општина Ѓорче Петров почна обележувањето на такси станиците. Обележувањето на такси станиците од страна на ЈП „Улици и патишта” продолжува во населба Автокоманда.
Според однапред утврдената динамика на Град Скопје и Секторот за сообраќај, екипите на ЈП „Улици и патишта” продолжуваат во наредниот период со обновување и бележење на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

go88 không the kết nối đến máy chủ go88 ơ mỹ lấy mã giftcode go88

sunwin tài xỉu online sunwin download tải sunwin 2022