December 6, 2019 21:27
Свет

Почна вториот ден распити за отповикувањето на Трамп

Одборот за разузнавање при Претставничкиот дом го почна вториот ден распити во рамките на процедурата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Сослушувањата се отворени за јавноста и се пренесуваат во живо од страна на неколку американски ТВ канали.

На распит денеска е Мари Јованович, поранешна амбасадорка на САД во Украина, со потекло од поранешниот Советски Сојуз, која беше отстранета од позицијата годинава в мај, а Трамп во еден од своите јулски разговори со претседателот на Украина ја спореди со „лоша вест”.

Демократите укажуваат дека Јованович е жртва на кампања за оцрнување организирана од Руди Џулијани, личен адвокат на Трамп, под чија иницијатива се водела паралелна надворешна политика кон Украина, со цел започнување истрага за наводните коруптивни украински ангажмани на политичкиот опонент Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Амбасадорката, која цврсто ги бранела интересите на САД во Украина, во своето воведно излагање посочи дека политичката стратегија на Амбасадата и нејзиниот тим била „посветена борба против корупцијата во земјата”.

– Tешко е да се сфати зошто нашите национални интереси се жртвувани за лични и политички цели. Не ги разбирам мотивите на Џулијани за нападите врз мене, изјави Јовановиќ.

На почетокот на сослушувањето претседавачот на Одборот за разузнавање Адам Шиф истакна дека „надлежностите на претседателот се огромни, но не се апсолутни, и не можат да бидат користени во коруптивни цели. Американскиот народ очекува претседателот да ја користи нему доделената власт за добробит на земјата, а не за уништување на други лица во лични или политичи цели”.

Нови вести

Крајбрежната стража на Мавританија пресретнала брод со мигранти

Filip

Напаѓачот од базата во Пенсакола бил саудиски војник на обука, саудискиот крал му изразил сочуство на Трамп

Filip

Милитантите од Ал Шабаб убиле осум патници на северот на Кенија

Filip