October 27, 2020 16:20
Хроника

Почина 22-годишен маж во фабрика во Куманово

 Маж (22) починал во фабрика во Куманово, потврди денеска СВР Куманово.

Во 14:40, лекар од итна помош Куманово пријавила во СВР Куманово дека има починато лице во фабрика „11 Октoмври”.

Од кумановската полиција соопштија дека станува збор за А.Д. (1998). Увидот на СВР Куманово, јавен обвинител и трудов инспектор сѐ уште трае.