December 9, 2018 20:48
Македонија

Почина Љубиша Георгиевски

Театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски почина утрово на 81 година.

Веста за смртта на Георгиевски на социјалните мрежи ја објави актерот Роберт Вељановски.

-Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!!
Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!, напиша Вељановски.

Тој е роден во Битола на 30 мај 1937-та година.

На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.

 

Related posts

Заев: Не се нудат пари на пратениците за да гласаат

24info

Одреден притвор од 30 дена и за останатите четири лица поврзани со настаните од 27 април

24info

Денот на независност ќе се слави на платото пред Влада

24info