October 15, 2019 23:44
Хроника

Почина тракторист во сообраќајка кај Дебар

На 18.09.2019 во 18.55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(56) од с.Г.Лакочереј, охридско, и трактор без регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(48) од с.Велешта, струшко. Во незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

Нови вести

Кривична за тетовци за неовластено поседување пушка и муниција

Valentina

Во Стара чаршија физички нападнати две лица, поради недоразбирање за издадена сметка

zane

Го ограбиле татко им, однеле 13.800 евра

Valentina