Култура Македонија

Почина телевизискиот и театарски режисер Богдан Поп Ѓорчев

Познатиот македонски телевизиски и театарски режисер Богдан Поп Ѓорчев почина пред два дена, а во вечното почивалиште беше испратен во текот на вчерашниот ден.

Негов најпознат ТВ проект е ТВ серијата „Трст виа Скопје“. Поп Ѓорчев беше и сценарист и режисер на оваа телевизиска серија во продукција на Македонската телевизија.

Режисер е на играните филмови „Поштар“, „Јагне на ражен“ и „Исчекување“ и на сериите „Случки од животот“ и „Еурека“. Дипломирал на Академијата за филм во Москва.