October 3, 2022 17:49
Свет

Почина таткото на Ентони Блинкен

Таткото на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Доналд, поранешен американски дипломат и инвестициски банкар, почина на 96-годишна возраст, пренесува АП.

Блинкен ја објави веста за смртта на својот татко, кој почина вчера, во серија твитови додека присуствуваше на годишното Генерално собрание на ОН, наведува американската агенција.

– Моето семејство загуби родител и дедо, извор на љубов и инспирација, татко ми Доналд Блинкен – напиша американскиот државен секретар.

Тој рече дека Доналд Блинкен починал мирно во својот дом во Ист Хемптон, Лонг Ајленд.

– Припадник на Воздухопловниот корпус на американската армија, американски амбасадор, претседател на одборот на директори на Фондацијата Марк Ротко и Државниот универзитет во Њујорк, тато му служеше на својот град и држава – рече Блинкен и додаде дека неговиот татко бил инспирација за тој да се определи за јавна служба.

Ентони Блинкен откажа неколку настани на кои требаше да присуствува на Генералното собрание на ОН во четвртокот вечерта поради влошената здравствена состојба на неговиот татко, а неговиот распоред денес ќе биде прилагоден за да се приспособат на семејните обврски, изјави претставник на Стејт департментот.

Доналд Блинкен беше претседател на Одборот на доверители на Државниот универзитет во Њујорк од 1978 до 1990 година и американски амбасадор во Унгарија од 1994 до 1997 година, за време на администрацијата на Клинтон, според АП.