Балкан

Почина српскиот актер Миша Јанкетиќ

Денес во Белград, на возраст од 81 година почина Михаило Миша Јанкетиќ, еден од најголемите српски и југословенски актери. Во исклучително богатата кариера тој одигра повеќе од сто улоги во театарот, главно во своето Југословенско драмско позориште.

Остави огромна трага во филмот, телевизијата и радиото. Тој е добитник на сите најзначајни актерски и општествени награди, Добричин прстен, Октомвриска награда, четири Стериини награди , наградата „Павле Вујисиќ“ за животно дело.

Роден е на 24 мај 1938 година во Нови Сад. Средно училиште завршил во Белград. Студирал книжевност на Филозофскиот факултет во Белград, но по три години, во 1958 година станал студент на Академијата за театар, радио, филм и телевизија, на која дипломирал во 1962 година во класата на професорот Мате Милошевиќ.

Првата улога на сцената на  Југословенско драмско позориште ја одигра во претставата  Ричард Трети во 1961 година. Член на ансамблот на ЈДП беше од 1962 до 1998 година. Во тој период, тој одигра повеќе од шеесет улоги. Последната премиера, Миша Јанкетиќ ја имаше на 70-годишнината од Југословенско драмско позориште во претставата Кралот на Бетајнова, во која го играше  Крнец (2018 година).

Нови вести

Албанска опозиција повторно на протест, за безбедноста ќе се грижат околу 2.000 полицајци

Daniela

Трикратно убиство во Нови Сад: „Зете, задоволен ли си сега“ го прашала Нада пред да ѝ ја скрши главата со токмак

Igor

Харадинај му порача на Вучиќ да се однесува европски

Igor