Магазин

Почина скопскиот пејач од „Никогаш не е доцна“

Ибрахим Хајрадиновиќ Ибро, пејачот од Скопје и годинашен натпреварувач на шоу програмата „Никогаш не е доцна“, почина денеска на 60-годишна возраст.

Веста за неговата ненадејна смрт ја потврдија неговите пријатели, кои истакнаа дека тој се борел како лав една година по операцијата на панкреасот.

– Се бореше со сите сили до крај, но за жал, не издржа – рекле и додале дека во вторник ќе биде испратен на вечно почивање, пишува „Гранд онлајн“.

Ибрахим минатата недела настапи на натпреварот каде истакна дека благодарение на шоуто повторно ја добил волјата за живот, но и желбата за пеење.

Хајрадиновиќ е роден 1962 година во Сјеница. Со музика почнал да се занимава во 1983 година кога учествувал и победил на познатото пејачко натпреварување „Распеана есен“. Како награда добил снимање песна, но тоа никогаш не го искористил, пишуваат регионалните медиуми.

Ибро последен пат беше на сцената минатата недела, а во едно од последните интервјуа изјави дека не успеал да направи голема кариера поради својот порок. Потоа призна дека некогаш сакал да се коцка и дека тоа многу му пречело во животот.

Добро го познавал починатиот крал на народната музика Шабан Шаулиќ, па дури извесно време живеел со него. Како што рече, и Шабан го советувал да престане со коцкањето, но тој не го послушал.

-Живеев со него, беше златен човек, да го слушав… Направена беше матрица, требаше само да си повежбам дома, таму беа песните „Цел град плачеше за нас“, „Тие не ми дозволија  да те сакам“ .. Јас доаѓам во „Славија“, се опијанувам и ги коцкам сите 33.000 евра. Наместо да одам дома да вежбам, повторно одам во Виена. Шабан ми велеше: „Немој“ …, Ибро призна во тоа време.

 

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

Fairy Tail

english anime Fairy Tail (Dub)

Dragon Ball (Dub) Episode 149

free anime GoGoAnime My Hero Academia Season 5 (Dub)

One Piece Episode 1000