August 12, 2020 21:28
Македонија

Почина првиот доктор од коронавирус во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил посочи дека денеска во ГОБ „8 Септември“, на 64 годишна возраст почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово.

– Реклама –

„Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста“, истакна Филипче.

Тој додава дека д-р Деари кој бил само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој починал од компликации на коронавирусот.

– Реклама –

„Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани“, вели Филипче.