January 30, 2023 01:56
Македонија

Почина поранeшниот пратеник Сашко Костов од Кочани

На 50-годишна возраст денеска ненадејно почина поранешниот пратеник Сашко Костов.

Од Општата болница во Кочани потврдија дека околу 10.30 часот Костов бил донесен во критична здравствена состојба по доживеан срцев удар додека бил на судско рочиште во Основниот суд.

Костов беше пратеник од редовите на СДСМ во претходниот пратенички состав на македонското Собрание. Тој е магистер на правни науки, а по завршувањето на пратеничкиот мандат работеше како адвокат. Беше татко на три малолетни деца.