August 19, 2022 12:22
Спорт

Почина поранешниот ракометен репрезентативец Тони Шопов

Поранешниот репрезентативец на Македонија тони Шопов, денеска ја загуби најважната животна битка.
Тони Шопов остави силен белег во македонскиот ракомет и како играч, репрезентативец, а потоа и како спортски работник од Велес.
Во последните пет години Шопов ја водеше најтешката битка во својот живот, со ракот на дебелото црево.
Во 2020 година беше покрената и хуманитарна акција за да се соберат 20.000 евра за лекување на Шопов, тогаш екс поранешниот ракометар привремено ја доби битката, но за жал денеска ја загуби битката со тешката болест.