August 14, 2022 21:46
Балкан

Почина поранешниот дански министер за надворешни работи Уфе Елеман-Јенсен

Почина Уфе Елеман-Јенсен, кој беше министер за надворешни работи на Данска повеќе од 10 години од раните 1980-ти.

Елеман-Јенсен е носител на највисокото македонско државно признание „8 септември”, кое му беше доделено за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Македонија со Данска, како и поради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на македонската држава.

Елеман-Јенсен важеше за еден од клучните политичари на нордискиот регион во последната фаза од Студената војна, а почина на 80-годишна возраст.

Конзервативно-либералната партија Венстре, предводена од Елеман-Јенсен од 1984 до 1998 година, денеска соопшти дека тој починал во текот на ноќта по долго боледување.

Данската премиекар Мете Фредериксен изјави дека Елеман-Јенсен бил остар политичар, голема личност и човек со голема храброст.

– Тој вешто ја претставуваше нашата земја за време на Студената војна, рече Фредериксен, додавајќи дека Елеман-Јенсен инсистираше Данска да остане посветена на заедничката политика на НАТО и повика на одржување блиски врски меѓу Европа и САД.

Зад него остави сопруга, четири деца и 10 внуци.