February 3, 2023 20:15
Спорт

Почина познатиот тениски тренер Болитиери

Познатиот тениски тренер Ник Болитиери почина на 92 години, објави „Tennis World”.

Американскиот специјалист почина во недела на 4 декември. Во 2020 година му беше дијагностицирана бубрежна инфекција.

За време на неговата тренерска кариера, Болитиери израсна 12 први рекети на светот меѓу мажите и жените во сингл и двојки.

Меѓу неговите ученици се: Американците Андре Агаси, Џим Куриер, сестрите Серена и Венус Вилијамс, Русинките Марија Шарапова и Ана Курникова, Германецот Томи Хас и Швајцарката Мартина Хингис.

Во 2014 година, Болетиери беше примен во Меѓународната тениска куќа на славните.