November 25, 2020 11:35
Магазин

Почина музичарот Васил Ангов- трета жртва на Ковид во Гевгелија

Во Гевгелија по компликации од коронавирус, почина познатиот музичар, пејач Васил Ангов. Тој е трета жртва од Ковид-19 во Гевгелија.

Васил Ангов во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа легендарната „Премногу ти верував“, по која и стана препознатлив Ангов зад себе остави неколку песни „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“.

Амнгов настапи на Скопскиот фестивал, а препознатлив беше и со неговите настапи во Гевгелија и беше омилен кај публиката заедно со неговиот син Димитар.

Неговиот син Андон, доцна синоќа на фејсбук ја објави веста за смртта на познатиот музичар.