December 6, 2022 21:41
Култура

Почина македонската актерка Јулијана Стефанова

Од НУ Народен театар – Битола на својот Фејсбук профил објавија дека починала македонската актерка Јулијана Стефанова.

„Пред неколку часа не напушти еден прекрасен човек, Јулијана Стефанова, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената. А зад сцената беше уште потопла и голем другар. Ќе ни недостигаш бескрајно и ќе те паметиме само по убаво! Патувај мирно!“, пишуваат од таму.