October 22, 2021 23:38
Спорт

Почина легендарниот југословенски фудбалер и тренер Иван Топлак

Легендарниот југословенски фудбалер и тренер Иван Топлак почина на 90-годишна возраст, пренесуваат словенечките медиуми.

Топлак е роден во 1931 година во Белград и целата своја играчка кариера ја помина во дресот на љубљанска Олимпија и Црвена звезда, а исто така го водеше најуспешниот српски тим како тренер. Тој беше и селектор на Југославија, а исто така ја водеше олимписката фудбалска селекција до бронза во 1984 година на Игрите во Лос Анџелес.

Топлак почина во својот дом во Марибор, додаваат словенечките медиуми и потсетуваат на колкаво влијание имал на нивниот фудбал, бидејќи имал влијание и врз генерацијата која се пласираше на Светското првенство во 2010 година.

Интересно е што Топлак помина добар дел од својата кариера во САД, каде што работеше во Калифорнија, Стенфорд и Сан Хозе, соработуваше и со Милан Мандариќ, а потоа во 1976 година седна на клупата на Југославија, иако ќе биде најдобро запаметени по Олимписките игри 1984 година.

Тој предводеше одлична генерација во која имаше играчи како Чапjиќ, Катанец, Елснер, Милко Ѓуровски, Пикси, Мркела, Томислав Ивковиќ …

Тој исто така беше инструктор на ФИФА и доби бројни награди за неговиот придонес во фудбалот.

Website https://animefreak.ws: Watch Flowering Heart (Dub) animefreak Episode 26 kiss anime freak

Wake Up, Girls! (https://aniwatch.pro/m/AlY) Episode 12

https://animebee.to anime sites

Devil Survivor 2 The Animation (Dub) Episode 13

Nhattao: https://nhattao.com/members/user2877460.2877460/

Myspace: https://myspace.com/gogoanimebe