December 7, 2022 21:22
Магазин Спорт

Почина италијанска легенда- фудбалските фанатици ќе го паметат дека беше број 1

Поранешниот капитен на Интер не го задолжи фудбалскиот свет со своите игри, но беше – број 1.

Навидум беззначајна вест дојде од Италија- на 82 години почина Бруно Болчи, поранешен италијански фудбалер и тренер, поранешен играч на Интер, Верона, Аталанта и Торино, играч од средниот ред кој само четири пати го носеше дресот на италијанската репрезентација и кој не особено го задолжил фудбалскиот свет . Тој беше само еден од многуте кои „го живееја фудбалот во целост“, но не се прослави по големите достигнувања на фудбалскиот терен.

Го паметат само најжестоките навивачи на Интер, за кои одигра 109 натпревари. Сепак, Болчи ќе биде запишан во фудбалските алманаси – тој е, имено, првиот фудбалер чиј лик е испечатен на денешните светски популарни сликички на Панини.

Првата сликичка на Панини е испечатена на 27 август 1961 година, а на неа е токму Болчи во дресот на Интер, за кој успешно настапуваше од 1958 до 1963 година. Болчи беше капитен на Интер во периодот од 1961 до 1962 година, а најголемото достигнување му е освојувањето на титулата во Серија А во 1963 година и Лигата на шампионите во 1964 година. Потоа играше за Верона во Серија Б, се врати во италијанската елита и играше за Аталанта и Торино, каде ја заврши својата играчка кариера во 1970 година.

Токму во таа година Панини го издаде првиот албум со слики посветен на светските првенства, тоа беше издание за Светското првенство во Мексико, во кое Бразил во финалето ја победи Италија.

На многумина денешни „ентузијасти“ собирачи на сликички помалку им е познато дека италијанската компанија „Панини груп“, чие седиште е во Модена, ги објавила албумите „Calciatori Panini“ пред премиерното издание на албумите посветени на СП, а сè уште е случај и денес.

Паралелно со албумот за Катар 2022 година,  Панини го издаде и 61. издание на албумот посветен на италијанските фудбалски клубови и националниот шампионат.

Ликот на Болчи никогаш не се најде на ниту еден албум посветен на СП, но фактот што беше „број 1“ во Панини го прави посебен…