October 30, 2020 23:42
Хроника

Почина затвореник во кумановскиот затвор

На 15.09.2020 во 20.55 часот во СВР Куманово, од Затвор Куманово – Отворено одделение Крива Паланка било пријавено дека во затворот починал осуденикот О.Р.(44) од Куманово.

Увид извршиле екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и лекар од Здравствен дом Куманово, кој констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.