Хроника

Почина затвореник во Идризово, но не од Ковид 19

На 06.04.2020 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.00 часот во КПУ „Идризово“ бил пронајден починат затвореник С.П.(72) од Скопје, без траги на насилство.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Директорот на затворот, Боби Мојсовски за 24 Инфо изјави дека стануваа збор за природна смрт и дека случајот не е поврзан со Ковид19.

– Станува збор за осуденик кој подолго време имаше здравствени проблеми. Тој неодамна доживеа мозочен удар, а потоа му се случи несреќа да падне од кревет. Имаше и проблем со видот. Не стнува никаков збор за зараза или забоlување од Ковид 19, изјави Мојсовски.