December 7, 2022 21:23
Балкан

Почина Анкица Туѓман

На 97-годишна возраст почина Анкица Туѓман, сопруга на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, пренесува Јутарњи.

Родена е во јули 1926 година во Загреб, градот во кој се школувала до приклучувањето на партизаните во пролетта 1944 година. Истата година го запознала нејзиниот иден сопруг Фрања Туѓман. Само една година подоцна, по завршувањето на Втората светска војна, во мај 1945 година се омажила за Туѓман.

Во мај 1946 година го добија првиот син Мирослав, две години подоцна се роди Стјепан, а во март 1951 година им се роди ќерката Невенка.