August 4, 2020 04:19
Култура

Почина актерот од легендарниот филм „Кум“

Актерот Дени Ајело, кој имаше номинација за Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Направи вистинска работа“, почина на 86 години во Њу Џерси.

Ајело почина по кусо боледување, потврди неговиот портпарол Трејси Милер за „Л.А. Тајмс“.

Со длабоко жалење известувам дека Дени Ајело, воениот сопруг, татко дедо, глумец и музичар, почина синоќа по кусо боледување. Семејството бара приватност во овие моменти“ соопшти Милер.

Даниел Луис Ајело Џуниор често глумеше италијанско „тврдо“ момче. Неговата кариера траеше од раните 1970-те до денеска.